Утрински Весник
Македонија

Седница на Советот на Град Скопје преку Интернет конференциска врска

Седница на Советот на Град Скопје преку Интернет конференциска врска
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 28 април 2020 (МИА) – Советот на Град Скопје денеска ќе ја одржи седмата вонредна седница која поради состојбите со корона вирусот првпат ќе се одржи преку Интернет конференциска врска.

-Оваа седница се организира согласно со одлуката на Владата на Република Северна Македонија која донесе Уредба за дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за локалната самоуправа, согласно која претседателот на советот на општината може да свика и да раководи со седница на советот, и со употреба на комуникациски средства (телефон или конференциска врска со употреба на Интернет комуникација и софтверски алатки), информираат од Град Скопје.

Оттаму прецизираат дека на седницата на Советот ќе се разгледаат четтири точки и тоа Предлог-одлуката за изменување и дополнување на Програмата за уредување на градежното земјиште на подрачјето на Град Скопје за 2020 година, Предлог-одлуката за изменување и дополнување на Програмата за финансирање на јавните установи и активностите од областа на културата од интерес на Град Скопје за 2020 година, Предлог-одлуката за донесување на регулациски план на Генерален урбанистички план 2012-2022 година за четврт ССЗ 01 и Предлог-одлуката за донесување на регулациски план на Генерален урбанистички план 2012-2022 година за четврт З 01. вј/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мицкоски најави 150 нови возила за Итната медицинска помош низ Македонија

Следува стабилно, но студено време со температури до -10 степени

Ги нападнал мајка си и сопругата, семејно насилство во Кисела Вода