Утрински Весник
Здрав Живот

Спреј за тримесечна заштита од вируси

Спреј за тримесечна заштита од вируси

Хонк Конг, 28 април 2020 (/) – Научници од хонгконшкиот Универзитет за наука и технологија, развија антивирусна супстанција којашто ќе може да ги штити површините од новиот коронавирус и до 90 дена.

Цената на МАП-1 е осум евра. Инаку, научниците на ова средство во облик на спреј работеле 10 години.

Според нив, тоа да ги заштити површините на јавни места, како што се огради на скали и лифтови.

– Овие места се допираат од многу луѓе и на тој начин стануваат многу лесни преносители на болести. Спрејот е составен од милиони нанокапсули со дезинфекциски средства коишто ги уништуваат бактериите и вирусите, објаснува професор Џозеф Кван, еден од водечките истражувачи на Универзитетот.

Тој додава дека ефикасноста на МАП-1 се зголемува при полимери чувствителни на топлина, кои се распаѓаат во допир со човек и така ги ослобдуваат дезинфициенсите.

Спреј е нетоксичен и безбеден за кожата и животната околина.

Одобрен е за службена и масовна употреба во февруари, по клинички испитувања во една болница во Хонк Конг. си/ми/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Газирана вода го намалува апетитот

Ljuljeta

Сакате тиква? Ќе ви биде мило да слушнете какви придобивки се поврзани со неа

Ljuljeta

Јадете овој вид на протеини за да живеете подолго

Jana