Утрински Весник
Спорт

Роналдо останува во Португалија уште неколку дена

Роналдо останува во Португалија уште неколку дена
Ss2

Лисабон, 28 април 2020 (МИА) – Фудбалерот на Јувентус, Кристијано Роналдо, сè уште е во родната земја Португалија, објави локалниот весник „Рекорд“. Вчера, изданието издаде соопштението дека Роналдо на 28 април ќе се врати во Италија, но неколку часа подоцна ја демантира својата информација.

Роналдо си замина во родната Мадеира на 9 март, за да ја посети мајка му која доживеа мозочен удар.

Ss1

Во меѓувреме стивнува епидемијата од коронавирусот во Италија, поради што запре и фудбалот, а Роналдо остана во карантин со семејството во луксузната вила во Фуншал.

Фудбалерите во Италија можат да добијат дозвола за индивидуални тренинзи на 4 мај, а од 18 мај ќе ги обноват и групните активности. зс/

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

ПО шест посни сезони ПСВ Ајндховен повторно е шампион на Холандија

Анчелоти: Рано е за славење, сакаме финале во ЛШ

Јокиќ по поразот од Минесота: Би сакал да имам клон за да можам малку да одморам