Утрински Весник
Спорт

НБА лигата изготви план за продолжување на тренинзите по 8 мај

Бостон ги победи Л.А. Клиперс по две продолженија
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Њујорк, 28 април 2020 (МИА) – Директорите на НБА лигата подготвија план за обнова на тренинзите на играчите по 8 мај. Датумот може да се промени во зависност од состојбата со пандемијата на коронавирус во САД и Канада.

Заедничките активности на тимот ќе останат забранети, а најмногу четири кошаркари ќе имаат дозволена работа во исто време, додека одржуваат физичка дистанца. Тренерите нема да можат да присуствуваат на активности, а на играчите ќе им биде дозволено да тренираат во спортски сали на нивните клубови.

Сезоната во НБА лигата беше прекината  на 11 март, откако центарот на Јута, Рудо Гоберт, беше позитивен на тестирањето на коронавирус. Една недела подоцна, раководството на лигата ги затвори базите на клубовите.

Сè уште не е јасно кога и дали ќе продолжи сезоната 2019/20 во најсилната кошаркарска лига на светот. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ново шоу и трипл-дабл на Јокиќ во победа на Денвер

Муарем нов тренер на Работнички

Седлоски: Ме интересира само едно успехот на репрезентацијата