Утрински Весник
Спорт

Чешката фудбалска лига планира да ја обнови сезоната на 25 мај

Чешката фудбалска лига планира да ја обнови сезоната на 25 мај
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Прага, 27 април 2020 (МИА) – Управата на чешката фудбалска лига планира да ја обнови сезоната на 25 март, откако владата на земјата ги олабави мерките за ограничување поради епидемијата од коронавирус.

Клубовите мора да го одобрат предлогот за рестартирање на кампањата на состанокот на 12 мај.

На елитата и останува да одиграат уште шест кола од регуларната сезона, а потоа уште пет кола од плеј-офот за титулата.

Идејата е сите играчи да бидат тестирани за Ковид-19 пред продолжување на натпреварите, кои ќе се играат без публика.

Лигата објасни дека им треба и одобрување од владата, бидејќи повеќе од 100 лица, вклучувајќи играчи, судии, службени лица од тимови и персонал на стадион, се ангажирани да организираат фудбалски натпревар.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ново шоу и трипл-дабл на Јокиќ во победа на Денвер

Муарем нов тренер на Работнички

Седлоски: Ме интересира само едно успехот на репрезентацијата