Утрински Весник
Спорт

Одложена одлуката за ставање крај на белгискиот шампионат

Одложена одлуката за ставање крај на белгискиот шампионат

Брисел, 27 април 2020 (МИА) – Белгиските фудбалски екипи го одложија гласањето следната недела за да ја потврдат одлуката за завршување на сезоната, со што ја оставија вратата отворена за рестартирање на кампањата.

Управниот одбор на локалната Про лига го објави крајот на кампањата на 2 април поради пандемијата од коронавирус, а одлуката требаше денес да биде официјално ратификувана од 24 клуба во првите две дивизии.

Сепак, гласањето беше одложено за една недела до 4 мај, при што белгиските фудбалски власти очекуваат во наредните денови поголема јасност за евентуалното олабавување на карантинските мерки во борбата против КОВИД-19, што може да доведе и до евентуално завршување на сезоната.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Азија ја поддржи кандидатурата на Инфантино

Серген Јалчин е нов селектор на Турција – потпиша договор на четири години

Дисциплински постапки против Шкендија Арачиново и Камјани од страна на ФФМ