Скопје, 27 април 2020 (МИА) – ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје соопшти дека согласно ситуацијата со коронавирусот и мерките на Владата и Министерството за здравство, шалтерите за наплата на сметки од денеска ќе работат со ново работно време, и тоа од понеделник до петок од 8 до 17 часот и сабота од 8 до 13 часот.
-ЈП „Водовод и канализација” – Скопје, согласно новонастаната ситуација со коронавирусот во нашата земја, препораките и насоките на Владата и Министерството за здравство како и новите временски интервали за полициски час, кои се однесуваат на спречување на ширењето на коронавирусот, воведува измени во работното време.
Теренските активности, како што информираат, ќе се одвиваат само во случај на дефект или во специфични ситуации.
-Во овој момент, со цел почитување на препораките за спречување на ширењето на КОВИД -19, ве повикуваме да ја искористите можноста дадена преку електронските сервиси на ЈП „Водовод и канализација” – Скопје, со која нашите услуги се поблиску до вас. – Посетете ја нашата веб страна www.vodovod-skopje.com.mk и информирајте се за сите настани поврзани со работата на претпријатието. Електронските сервиси за физички и правни лица се достапни на e.vodovod-skopje.com.mk. За полесен и побрз пристап до услугите на располагање е и мобилната апликација на претпријатието, веќе достапна за Android и IOS, информираат од ЈП „Водовод и канализација“.
Оттаму посочуваат дека за секоја дополнителна информација за услугите на претпријатието, заинтересираните граѓани може да се обратат на 02 3073 010, Дежурно Информативен Центар: 02 3240 300, Дирекција: kontakt@vodovod-skopje.com.mk; www.vodovod-skopje.com.mk; www.facebook.com/jpvodovod.skopje.бт/лв/