Утрински Весник
Македонија

Заврши асфалтирањето на патот од Црничани до крстосницата со Нов и Стар Дојран

Заврши асфалтирањето на патот од Црничани до крстосницата со Нов и Стар Дојран

Гевгелија, 27 април 2020 (МИА) – Асфалтирањето на делот од локалниот пат Црничани – Дојран, до крстосницата со регионалниот пат Валандово – Дојран, со должина од 1.050 метри конечно заврши на општо задоволство на жителите на општина Дојран и пошироко.

Според градоначалникот Анго Ангов, за општина Дојран реализацијата на овој проект, зацртан во програмата за комунално уредување и изградба на локални патишта и улици претставува решавање на децениски проблем во сообраќајната комуникација на општината пред се со општините Богданци и Гевгелија.

Жителите на Црничани до селото добија пат со нов асфалт со широчина од 5,5 метри откако од двете страни новиот пат беше проширен по 75 сантиметри.

Вкупната инвестиција на проектот изнесува 4.350.000 денари од кои 3,9 милиони денари се обезбедени од Југоисточниот плански регион,а останатите 450.000 денари се учество на општина Дојран.им/бт/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Кај село Миравци пронајдена удавена жена

Полицијата ќе ја проверува работата на „Државна лотарија“

Камбовски: Невозможно е да постојат две национални академии во една држава