Утрински Весник
Македонија

ФООМ донира 1.260 хуманитарни пакети за најзагрозените ромски семејства

ФООМ донира 100 илјади долари за најзагрозените ромски семејства

Скопје, 27 април 2020 (МИА) – Фондацијата Отворено општество – Македонија обезбеди дополнителни 1.260 хуманитарни пакети за ромските семејства кои се социјално и економски најдиректно засегнати од коронавирусот.

ФООМ денеска соопшти дека во соработка со Црвениот Крст, хуманитарните пакети ќе се дистрибуираат и ќе стигнат до домовите на над 5.000 граѓани од ромската заедница во девет градови: Берово, Радовиш, Струмица, Кавадарци, Неготино, Кичево, Кочани, Штип и Велес.

Оттаму посочуваат дека за непречено одвивање на активноста, Црвениот крст на терен ќе соработува со претставниците на ромски организации кои се дел од РОМАКТЕД програмата како и со Кризниот штаб на општина Берово.

-Ние сме посветени на градењето толерантно и инклузивно општество, отворено за учество на сите граѓани подеднакво. Го следиме развојот на настаните врзани со здравствената криза и борбата со коронавирусот и понатаму активно обезбедува,е помош и поддршка пред сè за маргинализираните граѓани чија заштита е наш највисок приоритет. Поддршката и учеството на ромската заедница во подобрувањето на условите за пристап до образование, здравствени и правни услуги, но и за промена на перцепциите, ставовите и однесувањата кон Ромите останува наш фокус и понатаму, се наведува во соопштението на ФООМ. бт/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Приведен крадец баран со потерница

ВМРО – ДПМНЕ: Во МЕПСО направена 14 милиони евра штета долгови на фирми трговци со струја, меѓу кои и на синот на Муса Џафери

115 санкционирани возачи во Скопје