Утрински Весник
Македонија

ОЈО Струмица поднесе казнени налози против 19 лица

ОЈО Штип поднесе три казнени предлози за непочитување на полицискиот час

Скопје, 27 април 2020 (МИА) – Во одделни кривични правни настани 19 лица од Струмица, меѓу 1 и 4 април не постапиле согласно прописите за сузбивање или спречување на опасната заразна болест предизвикана од коронавирусот, поради која е прогласена пандемија, соопштија од ОЈО Струмица.

Заради стореното кривично дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија, односно не почитување на забрната за движење Основното јавно обвинителство Струмица до Основниот суд Струмица поднесе предлози за издавање казнени налози и за секој од обвинетите предложи судот да изрече парична казна во висина од по 50 дневни глоби, а секоја дневна глоба да е во висина од по 10 евра во денарска противвредност.​​ оџ/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Речиси 1.000 пожари на возила од 2022 до 2026 година

Мицкоски му ја честита победата на Илија Срдановиќ, носител на Студентската листа во Србија

Пронајде 4.000 евра, но избра да биде чесен – Огнен доби признание