Утрински Весник
Македонија

Го прекршиле полицискиот час, казнени налози за пет лица од Битола

ОЈО Берово поднесе три казнени налози за прекршување на полицискиот час
Dik 300x250 mk

Скопје, 27 април 2020 (МИА) – Основното јавно обвинителство Битола поднесе предлози за издавање казнени налози против пет лица кои во одделни кривично правни настани го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија, соопштија од ОЈО Битола.

-Четворица од обвинетите на 25 април 2020 година, не ги почитувале мерките со кои се определува забрана за движење на населението на територијата на Република Северна Македонија па се движеле со возило низ градот за време додека во сила бил полицискиот час, информираат од обвинителство.

Истовремено од обвинителство истакнуваат дека петтиот обвинет имал вербална расправија со лице кое живее на друга адреса во градот, па со намера да продолжи со расправијата отишол до домот на другиот битолчанец, каде бил затекнат од полициските службеници.

За стореното, обвинителството на надлежниот суд му предложи на сите обвинети да им изрече парична казна во висина од 100 дневни глоби секоја од нив во висина од по 20 евра во денарска проиввредност.​​ оџ/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Почина Коста Јаневски, еден од основачите на радиото „Антена 5“

Кашиковски: Ако не биде исплатена септемвриската плата, од утре вработените ќе ги блокираат двата влеза на ЈП „Паркови и зеленило“

Ќе нема енергетска криза, подготвени сме и работиме тоа да не се случи, вели Мицкоски