Утрински Весник
Спорт

Геце може да остане во Борусија Дортмунд

Геце преговара за нов договор со Борусија

Дортмунд, 27 април 2020 (МИА) – Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Марио Геце може да остане во тимот, пренесува „Скај спорт Германија“.

Преговорите за договорот ќе започнат по паузата поврзана со пандемијата на коронавирус. Тековниот договор е со важност до крајот на сезоната.

До прекинот на сезоната, 27-годишниотфудбалер одигра 19 натпревари на сите турнири, во кои постигна три гола и оствари една асистенција.

Геце претходно изјави дека ќе ја напушти Борусија. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мбапе: Петте победи на Реал по ред не значат ништо, сакаме да победиме на секој натпревар

Ел Класико вечерва на „Камп Ноу“: Барселона за поголема предност, Реал за враќање во трката

Шкендија и Вардар ремизираа – 24info.mk