Утрински Весник
Македонија

Седумдесет и шест лица приведени поради непочитување на забраната за движење

Изминатото деноноќие 84 лица не го почитувале полицискиот час

Скопје, 27 април 2020 (МИА) – Осумдесет и осум лица не ја почитувале забраната за движење во текот на изминатото деноноќие за периодот 26 и 27 април, при што приведени се 76 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, според статистичките податоци за изминатото деноноќие на 186 лица им се издадени решенија за изолација, а 77 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација. ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Со македонски пасош олеснето може да се патува во 114 држави во светот

Приведено лице осомничено за двете убиства во Ѓорче Петров

Обвинителството го отфрли предлогот Дејан Јованов и неговиот син да бидат сослушани како сведоци на судењето против деветмината полицајци за „Пулс“