Утрински Весник
Спорт

Њујорк и Чикаго покажуваат интерес за Крис Пол

Крис Пол: Без разлика колку ни недостасува кошарката, безбедноста доаѓа на прво место

Њујорк, 26 април 2020 (МИА) – Челниците на Њујорк и Чикаго се заинтересирани да се стекнат со кошаркарот на Оклахома, Крис Пол.

Американските медиуми објавија дека Оклахома е подготвена да го размени Пол. Оваа НБА сезона 34-годишниот играч настапи на 63 натпревари и имаше просек  по натпревар 17,7 поени, 6,8 асистенции и 4,9 скока.

Пол има важечки договор уште две години за што треба да добие 85 милиони долари. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мбапе: Петте победи на Реал по ред не значат ништо, сакаме да победиме на секој натпревар

Ел Класико вечерва на „Камп Ноу“: Барселона за поголема предност, Реал за враќање во трката

Шкендија и Вардар ремизираа – 24info.mk