Утрински Весник
Спорт

Мурињо го прогласи најдобар играч во историјата, не е ниту Меси, ниту Кристијано

Мурињо го прогласи најдобар играч во историјата, не е ниту Меси, ниту Кристијано

Барселона, 26 април 2020 (МИА) – Тренерот на Тотенхем, Жозе Мурињо го прогласи Бразилецот Роналдо за најдобар фудбалер во историјата.

Португалецот работеше со двократниот сопственик на „Златната топка“ во сезоната 1996/97, кога му помагаше на Боби Робсон во Барселона.

– Најдобриот играч во историјата? Роналдо „Феноменот“. Кристијано Роналдо и Меси имаат подолги кариери, тие остануваат на највисоко ниво изминатите 15 години. Но, зборувајќи за талент и вештини, никој нема да го надмине Бразилецот Роналдо, изјави Мурињо. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мбапе: Петте победи на Реал по ред не значат ништо, сакаме да победиме на секој натпревар

Ел Класико вечерва на „Камп Ноу“: Барселона за поголема предност, Реал за враќање во трката

Шкендија и Вардар ремизираа – 24info.mk