Утрински Весник
Македонија

Досега 500 пациенти оздравени од Ковид-19

Досега 500 пациенти оздравени од Ковид-19

Скопје, 26 април 2020 (МИА) – Министерот за здравство Венко Филипче на својот фејсбук профил попладнево објави дека до денеска во земјава вкупно 500 пациенти оздравеле од КОВИД-19.

– Благодарност до медицинскиот персонал, пациентите и нивните семејства. За да продолжиме успешно да се справуваме со коронавирусот, неопходна е поддршка и одговорност од сите граѓани. Да ги почитуваме мерките, затоа што само заедно ќе успееме, напиша министерот Филипче на фејсбук. мд/мч/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тошковски во посета на Универзитетот во Тетово и СВР Тетово: „Безбеден град” дава резултати, три жртви во сообраќајот наспроти девет минатата година

Уапсен штипјанец кај кого биле најдени оружје и дрога

Познато е кога ќе почне зимското сметање на времето