Утрински Весник
Македонија

Петмина излекувани од Ковид-19 во Општата болница во Велес

Петмина излекувани од Ковид-19 во Општата болница во Велес

Велес, 26 април 2020 (МИА) – Од Инфективното одделение при Општата болница во Велес денеска се излекувани и пуштени дома пет пациенти, од кои тројца од Велес и  двајца од кичевските села. Тие од државниот карантин, што е во хотел „Монтенегро“ кај Велес, како позитивни на Ковид- 19, по извршените здраствени прегледи на тим од Велешката болница, беа  пренесени на лекување во Инфективното одделение на Велешката општа болница, каде беа изминатите 14 дена и се излекувани.

Ова за МИА го потврди д-р Весна Неделковска Николова, портпарол на ЈЗУ Општа болница Велес.

-Со денешните пет, во Велешката болница досега од Ковид-19 се излекувани вкупно 16 пациенти. Во моментов на Инфективното одделение се останати 15 пациенти, од кои кај 14 е потврден Ковид-19, а за еден се чека резултати од брис, информира Неделковска Николова.

Според информацијата на ЈЗУ Центар за јавно здравје во Велес, во изминатото деноноќие се регистрирани нови два случаи со Ковид-19, со што бројот во Велес на дијагностицирани со Ковид-19 се искачи на 66.

Се работи за сопруг на претходно дијагностицирана пациентка и сопруга на пациент, кој е веќе хоспитализиран на Инфективното одделение при Општата болница во Велес.

Според евиденцијата на ЈЗУ Центар за јавно здравје, во градот во моментов  на Ковид-19 активни се 52 лица. ад/мд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Реактивиран пожарот кај пехчевско Негрево

Со хеликоптер се евакуираат пет лица од светиниколско Стројменци

Се огласи МВР откако властите во Венецуела ја обвинија Северна Македонија за хакерски напади