Скопје, 26 април 2020 (МИА) – Дополнителниот заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денеска, по видео обраќањето на Никица Бачовски од Комисијата за земјоделство на СДСМ, реагира дека тутунарите изминативе три години не се задоволни од откупот на тутун.
– Тутунот е декласиран. Прва класа се продаваше како втора, а втора како трета. Лагите секогаш биле силна страна на СДСМ. Лагата од секогаш им била силна страна на СДСМ. Тутунарите не се задоволни од откупот на тутун во изминативе три години. Прва класа се продава како втора, а втора како трета. На крајот на последната сезона не беше откупен целиот тутун, иако СДСМ се фалеше. Тутунарите во радовишко останаа со неоткупен тутунот, вели тој.
Според него, оваа година тутунарите повторно се оставени на милост и немилост. Откупувачите не склучуваат договори со нив.
-Тутунот е само една од маките на земјоделците. Сточарите овој период останаа со неоткупено јагне и до 50 отсто од нивните капацитети, а зелката се изора во нивите, затоа што земјоделците немаат економска логика да ја продаваат. Сликата во земјоделството е мачна, кога ќе се тргнат розевите наочари на Заев и луѓето околу него. Лагите не поминуваат, пишува Трипуновски во реакцијата. мч/дма/