Утрински Весник
Македонија

Повторно дезинфицирани градските улици и јавни површини во Делчево

Повторно дезинфицирани градските улици и јавни површини во Делчево

Делчево, 26 април 2020 (МИА) – Во Делчево повторно се дезинфицираат градските улици и јавни површини. Во реализацијата на активностите се вклучени екипи на Територијалната противпожарна единица Делчево, од каде информираа дека досега е завршена дезинфекцијата во населба Ново Делчево.
-Повторната дезинфекција се реализира согласно препораките на Општинскиот кризен штаб, при што освен улиците, со истата се опфатени парковите и детските игралишта, односно оние места каде во изминатите неколку дена имаше поголема фреквенција на луѓе, истакнаа од ТППЕ Делчево.
Активноста, како што додадоа ќе продолжи и во останатиот дел од денот.
-По Ново Делчево продолжуваме со дезинфекција и на останатите улици каде истата не е извршена. Благодарност до граѓаните кои за време на акцијата ги отстраниле возилата од коловозите кало истата би се одвивала непречено, додадоа од ТППЕ Делчево.
Во текот на идните денови како што најавија надлежните закажан е нов состанок на Општинскиот кризен штаб на кој меѓу другото ќе се разгледува можноста за повторно отворање на градскиот пазар во Делчево. всир

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Кај село Миравци пронајдена удавена жена

Полицијата ќе ја проверува работата на „Државна лотарија“

Камбовски: Невозможно е да постојат две национални академии во една држава