Утрински Весник
Спорт

Борусија Дортмунд ќе го спасува Дракслер од ПСЖ

Борусија Дортмунд ќе го спасува Дракслер од ПСЖ

Дортмунд, 26 април 2020 (МИА) – Борусија Дортмунд ќе се обиде да привлече фудбалер на Пари Сен Жермен. Вчера, „Евроспорт“ објави дека „Сигнал Идуна Парк“ е заинтересиран за крилниот играч Јулијан Дракслер и ќе се обиде да го врати играчот во Германија.

Германскиот репрезентативец е незадоволен од времето на теренот што го добива во француската престолнина.

– Би сакал да преземам поголема одговорност и да не се грижам дали ќе играм или не пред секој важен натпревар во сезоната, изјави неодамна Дракслер.

Дваесет и шест-годишниот играч има договор со Пари Сен Жермен до 2021 година, а според информациите „жолто-црните“ веќе се распрашуваат за 26-годишниот фудбалер.

Екипата на Херта Берлин веќе му понуди на Дракслер договор во зимскиот преоден рок, а откако му останува само една година до крајот на договорот на играчот, ПСЖ најверојатно ќе биде принуден да го продаде во текот на летото.

Во досегашната кампања, германскиот репрезентативец има одиграно само 11 натпревари во француска Лига 1, во кои оствари 5 асистенции.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Двајца тенисери се повлекоа од Олимпијадата во Париз

Австралија најуспешна нација во првиот ден на ЛОИ 2024

И второто злато на ОИ 2024 за Кина