Утрински Весник
Македонија

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 26 април 2020 (МИА)На 24 април полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје постапиле по судска наредба и извршиле претрес на дом и други простории кај лицето Р.Б од Скопје.

При претресот во домот пронајдени се: една полиетиленска паковка со амфетамин 4.4 грама, 16 полиетиленски паковања со марихуана со вкупна маса од 486 грама, две дигитални ваги и парични средства. Лицето е лишено од слобода и задржано во Полициска станица, а на 25 април по итна постапка поднесена е кривична пријава по член 215 „Неовластено производство и пуштање во прометна наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ од Кривичниот законик на РСМ за што му е одреден 30 дневен куќен притвор.

Вчера во 15,05 часот дежурен лекар од Медицински Центар Кичево пријавил во Полициска станица Кичево дека на регионалниот пат Кичево-Демир Хисар, во близина на село Беласица, се наоѓа безживотно тело на маж паднат од велосипед.

На посоченото место починат бил пронајден В.Ѓ. (52) од Кичево.

Од страна на доктор од Итна медицинска помош констатирана е смрт без траги на насилство. Увид на лице место извршила увидна екипа на ПС-Кичево, а по Наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.

На регионалниот пат село Мамутчево-Велес вчера околу пладне се случила сообраќајна незгода во која С. С. (41) од Штип управувајќи моторцикл “кавасаки“ со бугарски национални ознаки, изгубил контрола над моторот и излетал надвор од коловозот.

По незгодата С. С со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Општа болница-Велес, каде му се констатирани тешки телесни повреди, и по укажаната лекарска помош поради сериозноста на повредите е префрлен во Клинички центар Скопје. Увид на лице место извршила увидна екипа на СВР-Велес.

Патрола на Армијата на Северна Република Македонија во близина на ГК 51/14 вчера во 10.45 часот пронашла пет парчиња минско експлозивни средства – неексплодирани гранати, кои се видно обележани и обезбедени.

За настанот се известени ДОЦ при РЦ за ГР ,,ЈУГ”-Кавадарци и Дирекција за Заштита и Спасување- Струмица за натамошна постапка и подигање на гранатите. сст/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Трајчулески: Тоа што Мицкоски е разочаран од Конгресот е добра вест за СДСМ

Колку реални се попустите за „Black Friday“: Маркетинг стратегија или вистински заштеди?

Чибишев: Воздух во Скопје станува алармантен, Здравјето нема цена !