Утрински Весник
Спорт

Властите на Ливерпул истражуваат како натпреварот со Атлетико влијаел врз ширењето на коронавирусот

Ливерпул можеби ќе биде исфрлен од Карабао купот

Ливерпул, 25 април 2020 (МИА) – Градскиот совет на Ливерпул ќе испита како натпреварот во Лигата на шампионите помеѓу англискиот клуб и Атлетико влијаеше на ширењето на коронавирусот.

– Здравствениот тим на градскиот совет на Ливерпул, заедно со партнерите од универзитетот во Ливерпул и универзитетот „Џон Мур“, се согласија да го испитаат влијанието на натпреварот врз ширењето на коронавирусот. Обемот на проектот во моментот се оценува, соопшти претставник на градскиот совет.

Истрагата ја овласти градоначалникот Џо Андерсон.

Натпреварот од осминафиналето на Лигата на шампионите се играше во Ливерпул на 11 март, го посетија 52 илјади гледачи, меѓу кои и три илјади навивачи од Мадрид, каде во тоа време делумно беше воведен карантинскиот режим. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Македонските фудбалерки до 19 години ќе играат квалификациски турнир во Португалија

Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано

Младост 96 есенски шампион во пингпонгарската Суперлига