Утрински Весник
Магазин

Позната грчка пејачка одржа концерт на камион низ улиците во Атина (видео)

Позната грчка пејачка одржа концерт на камион низ улиците во Атина (видео)

Атина, 25 април 2020 (/) – Со музика и песни денеска се наполнија улиците на Атина преку необичниот концерт што го одржа, познатата грчка пејачка Алкистис Протопсалти. Таа пееше додека се возеше на камион низ грчката престолнина, застанувајќи и пред премиерската палата, јави дописничката на / од Атина.

Концеротот е дел од иницијативите на општина Атина, а почна со пораката „Остануваме дома, остануваме оптимисти, ги отвораме прозорците, излегуваме на терасите“.

Камионот „Од улица, со љубов“ помина низ повеќе атински населби, а застана и пред премиерската палата, а песните на Протопсалти „го натераа“ грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис да направи пауза од денешните состаноци и да излезе да ужива во музиката заедно со неговите соработници. ср/ми/ 

Posted by Alkistis Protopsalti Official on Сабота, 25 април 2020

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Штип подготвен за музички спектакл: Вечерва започнува 41. издание на „Макфест“

Пријавете се на работилницата на „Реплек“ со Марко Пејчиновски: „РЕсет за внатрешна сила. РЕсет за добросостојба“

Дневен хороскоп за 30 октомври: Биковите да внимаваат на трошоците, Водолиите добиваат нова идеја