Утрински Весник
Спорт

Реал има план како да го донесе Мбапе, ќе ја повтори стратегијата со Азар

Мбапе ги пропушта натпреварите со Исланд и со Турција

Мадрид, 25 април 2020 (МИА) – Екипата на Реал Мадрид помина долго време во потрагата по Еден Адад. „Белите“ три сезони флертуваа со Белгиецот, очекувајќи неговиот договор со Челси да го достигне речиси крајот, за да можат да го купат.

Сега тие можат да ја користат истата стратегија со sвездата на ПСЖ, Килијан Мбапе. Францускиот репрезентативец има само две години од неговиот сегашен договор.

Во денешното издание, „АС“ пренесува дека напаѓачот не е среќен што од ПСЖ истекла информацијата дека парижаните би го оставиле на клупа во последната година од договорот отколку да го продадат. Тоа го сторија и со Адриен Рабио, кој има потешкотии сега со аклиматизацијата во Јувентус.

Ова недоразбирање е токму слабоста што ја бараа Реал Мадрид и сега ќе се обидат да го присилат ПСЖ во позиција во која продажбата на Мбапе ќе биде неизбежна.

Челси се виде себеси принуден да го продаде Азар една година пред истекот на договорот на репрезентативецот на Белгија, а сега Реал е подготвен да почека до следното лето за да го повтори тој потег и да го обезбеди Мбапе, додаде весникот.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Одби да се бори против Израелец – алжирски џудист дисквалификуван од ОИ

Надал за мечот со Ѓоковиќ на Олимпијадата: Веројатно тој е јасен фаворит

Најдобриот во светот загуби, па направи хаос