Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Сега нема потреба од лидерска средба, ниту е време да се разговара за избори

СДСМ: Сега нема потреба од лидерска средба, ниту е време да се разговара за избори

Скопје, 25 април 2020 (МИА) – СДСМ смета дека засега нема потреба од организирање лидерска средба. Во овој момент, според партијата, најважно е надминувањето на пандемијата со коронавирусот и решавање на економските последици од неа.

Одговорајќи на новинарско прашање, потпретседателот на СДСМ, Коста Петров денеска на прес-конференција истакна дека не е ниту време да се разговара за избори.

-Ние сметаме дека не е време да се разговара за избори. Има време и ќе разговараме за тоа кога ќе дојде време. Наш главен фокус останува здравјето на нашите граѓани и економските мерки со цел да зачуваме повеќе работни места, да помогнеме на поголем број граѓани и да ја победиме оваа криза од коронавирусот, рече Петров.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски синоќа јавно го повика шефот на државата, Стево Пендаровски да свика лидерска средба во врска со иницијативата на СДСМ и коалициските партнери кои бараат повторното свикување на Собранието. Од Кабинетот на претседателот Пендаровски за МИА потврдија дека се планиа организирање лидерска средба во првата половина на мај, а ќе се разговара за натамошниот тек на политичкиот процес во земјата, како и за можните термини за одржување на следните парламентарни избори. мч/мд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Битиќи: Државата се соочува со потенцијален јавен долг од 13,4 милијарди евра, министерката за финансии не дојде да одговори

Тројца малолетници уапсени затоа што возеле без возачка

Возач на мотоцикл излетал од патот