Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Донација од 100 таблети за деца од социјално загрозени семејства во Скопје

Донација од 100 таблети за деца од социјално загрозени семејства во Скопје
300x250 opst2

Скопје, 25 април 2020 (МИА) – Компанијата „Еколог“ од Тетово и семејството Дестани денеска му донираа на Град Скопје 100 таблет- компјутери, кои ќе бидат доделени на деца од материјално необезбедени семејства, со цел подобро да ја следат онлајн наставата во домашни услови за време на пандемијата со Ковид-19.

– „Еколог“ – Тетово и семејството Дестани, како општествено одговорни компании, на Град Скопје му донираат 100 таблет-уреди, со кои ќе може да се следи онлајн наставата, опремени со СИМ картички, за да има непречен интернет пристап. „Еколог“- Тетово и семејството Дестани ќе донираат илјадници вакви таблети во единиците на локалната самоуправа низ целата територија на Република Северна Македонија. Овие таблети ќе бидат донирани на учениците кои од финансиски причини не можат да си дозволат каков било уред за да ја следат онлајн наставата. Се надевам дека образовниот процес ќе го направиме подостапен за сите во услови кога мораме да останеме во своите домови за да го спречиме ширење на вирусот. Да издржиме уште малку за доброто на сите нас, истакна скопскиот градоначалник Петре Шилегов.

Тој информираше дека Град Скопје во соработка со Министерството за труд и социјала политика добива списоци за деца кои потекнуваат од социјално загрозени семејства и се надева дека таблетите ќе пристигнат во вистинските раце.

Градоначалникот на Скопје информираше дека набавката на нови автобуси е во тек, а доцнењето, како што рече, се должи поради пандемијата со Ковид-19 и очекува тие да пристигнат деновиве.

Тој апелираше до скопјани да не излегуваат од дома, а доколку излезат да носат маска, да држат дистанца, со цел да се спречи ширењето на коронавирусот. ир/мд/

Донација таблет-комојутери од “Еколог” – Прес на Петре Шилегов

Posted by MИА.mk on Сабота, 25 април 2020

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ристо Спасов: ДПМНЕ камен не фрли во Радовиш, време е за урбана општина со затворен базен, градинка, зеленило

(Фото) Заев се појави на митингот на СДСМ во Струмица

Филипче од Радовиш: Откупните цени никогаш не биле пониски, ДПМНЕ го обезвредни трудот на земјоделците