Утрински Весник
Македонија

Се поништува јавната набавка за респираторни машини

Се поништува јавната набавка за респираторни машини

Скопје, 25 април 2020 (МИА) – Министерството за здравство денеска информира дека
двете компаниите што го добија тендерот за набавка на 31 респираторна машинa ги известиле дека нема да бидат во можност да ги испорачаат респираторните машини согласно договорот. Поради ова, јавната набавка се поништува и ќе биде повторно распишана.

-Во меѓувреме, Република Северна Македонија доби 12 респираторни машини од Европската Унија со што се надополнија посточеките капацитети. Вклучувајќи ги новите машини коишто пристигнаа, во здравствените институции ширум земјата во моментот има на располагање преку преку 130 респираторни машини, се вели во соопштението од Министерството за здравство.

Во моментов на респираторна машина има приклучено вкупно 11 пациенти, со што капацитетите се исполнети нешто помалку од 10 отсто. мд/мч/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Македонската дијаспора е жртва на блокадата на СДС, Левица и ДУИ 

Тројца управители и фирма осомничени за даночно затајување и прикриена продажба од 14,5 милиони денари

Левица: Работниците умираат – Мицкоски се смее!