Утрински Весник
Македонија

МВР Билтен

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 25 април 2020 (МИА) – На 24 април 2020 година околу 13:20 часот на автопатот Велес – Гевгелија на коловозната лента во правец од клучка „Смоквица“ кон клучка „Гевгелија“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу моторцикл „сузуки 600“ без регистарски ознаки управуван од А. Ѓ. (35) од с.Робово-Струмица и моторцикл „сузуки 600 ГН-Р“ со струмички регистарски ознаки, управуван од Ј.Ј. (22) од с.Добрејци-Струмица. Притоа констатирано е дека А.Ѓ со неговиот моторцикл слетал надвор од коловозната лента на десната страна, а другиот моторцикл управуван од Ј.Ј. слетал на крајната лева сообраќајна лента. Од страна на доктор од Итна медицинска помош излезено е на местото и констатирана е смрт кај двајцата возачи. Увид на местото извршиле дежурен Јавен обвинител и увидна екипа од ОВР-Гевгелија. По наредба на Јавен обвинител телата на двајцата возачи се пренесени во Институтот за судска медицина во Скопје за обдукција.

На 24 април 2020 година во 18.50 часот на крстосница од улиците „Козле“, „Васил Ѓоргов“ и „Загребска“ случена е сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило марка „сеат ибица“ со скопски регистарски ознаки управувано од Д.З (34) од Скопје и мотор „пијаџо“ управуван од И.Ч (46) од Скопје. Од незгодата со повреди се здобил И.Ч кој со возило на брза помош бил пренесен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде од страна на лекар му била укажана лекарска помош и му биле констатирани тешки телесни повреди. По укажаната лекарска помош пуштен е на домашно лекување.

На 24 април 2020 година во 15.45 часот во ПС Тетово, Т.Д. (44) од Тетово пријавил дека на 22 април 2020 година околу 20:00 часот додека на ул. „142“ го шетал своето куче – раса белгиско- германски овчар, тој и кучето биле нападнати од куче раса – турски кангал којшто неговиот сопственик, го шетал без ланец и заштитна маска. При нападот пријавителот и неговото куче неколку пати биле каснати од „кангалот“, а со помош на случајни минувачи успеале да се оддалечат од местото на настанот. По ова пријавителот го однел своето куче во ветеринарна амбуланта, а тој подоцна побарал и медицинска помош во Клиничка бплница Тетово каде што му била констатирана повреда на десната подколеница. Се работи на расчистување на случајот. мд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Минчев: Имаме преголема и пребавна јавна администрација, работиме на нејзино кратење

Кичево – Охрид ќе биде завршен до крајот на 2026 година, ветува Николоски

ВО МАКЕДОНИЈА ДОАЃА ГОЛЕМ ВЛАЖЕН И ЛАДЕН ЦИКЛОН: Ќе донесе многу дожд, снег и снежна покривка од над 40 сантиметри!