Утрински Весник
Македонија

Олеснување на пристапот на материјално необезбедените домаќинства до гарантирана минимална помош

Олеснување на пристапот на материјално необезбедените домаќинства до гарантирана минимална помош
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 24 април 2020 (МИА) – Владата на денешната 46-та седница донесе изменување и дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за социјална заштита за време на вонредна состојба, со која се олеснува пристапот на материјално необезбедените домаќинства до правото на гарантирана минимална помош и се овозможува остварување паричен додаток заради покривање дел од трошоците за потрошувачка на енергенси во домаќинството и во месеците од април до септември 2020 година.

Како што соопшти владината прес-служба, надоместок заради попреченост и надоместок за помош и нега од друго лице се продолжува врз основа на наодот и мислењето од надлежната комисија за време на траење на вонредната состојба, како и два месеца од денот на престанок на вонредната состојба.

– Воедно, се овозможува стручните лица даватели на јавни услуги, вработени во јавни и приватни установи за социјална заштита и кај други даватели, да вршат стручна работа во дејноста социјална заштита за време на траење на вонредната состојба, соопшти владината прес-служба. хс/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Над 160 наставници во 80-ина училишта обучени за настава на деца кои се на лекување

Тошковски: „Безбеден град“ директно придонесе да се намали бројот на повредени лица, наскоро информација и за казните

Новите станови остануваат со 5% данок до 2028 година