Утрински Весник
Македонија

Дозволен извоз на средства за дезинфекција

Дозволен извоз на средства за дезинфекција

Скопје, 24 април 2020 (МИА) – На економските оператори и производителите од земјава од денеска им е дозволен извоз на средства за дезинфенкција, но при тоа кон секоја царинска декларација треба да приложат изјава од извозникот и производителот дека одреден процент од стредствата остануваат како задолжителна залиха за потребите на домашниот пазар.

Ваква одлука донесе Владата на денешната 46-та седница.

-Владата денеска донесе одлуката со која се дозволува извоз на економските оператори и производители од Република Северна Македонија на средства за дезинфекција: сапуни со или без површинско активни средства со дезинфициенси, препарати (за миење, перење, чистење и гелови) на база на површинско активни средства, тоалетни препарати со дезинфекциони средства, како и неденатуриран етилалкохол со содржина на алкохол 80 проценти, при што при секој извоз кон царинската декларација се приложува Изјава од извозникот и производителот дека одреден процент од овие средства остануваат како задолжителна залиха за потребите на домашниот пазар, соопшти владината прес-служба. вј/ац/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Уапсен прилепчанец: При претрес пронајдени марихуана, вага и пари

Претреси и апсења во Скопје: Расчистена кражба на пари, злато и часовници

Мицкоски: Мојата задача не е да се занимавам со коски од минатото, туку да обезбедам иднина за нашите деца