Утрински Весник
Македонија

Ракавиците не се неопходни за носење, порача Филипче

Mиењето раце е подобра превентивна мерка за инфекција отколку носењето на ракавици за еднократна употреба

Скопје, 24 април 2020 (МИА) – Министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес-конференција истакна дека доколку внимателно и често се мијат рацете, тогаш ракавиците апсолутно не се неопходни за носење.

Филипче појасни дека ракавиците, доколку се носат невнимателно или со нив се манипулира околу прекривката или маската за устата и носот, тогаш можат да го пренесат вирусот.

-Во однос на ракавиците, апсолутно е битно прашање. Доколку се внимава и не се манипулира околу устата и носот и со маската, и доколку често се мијат рацете во долго времетраење од дваесетина секунди, сметам дека апсолутно ракавици не се неопходни. Заради тоа што и ракавици доколку се носат и невнимателно се манипулира околу прекривката на устата, носот или маската, тогаш може да се пренесе вирусот, рече министерот Филипче во одговор на прашање.

Според Филипче, само маската, односно заштитна опрема за лицето и носот останува како неопходна.

Во однос на прашањето дали има пациент во државата кој бил поставен на респираторна машина, а сега веќе е излекуван и пуштен на домашно лекување, Филипче одговори дека до сега нема таков случај.

-Не, нема излекуван пациент на респираторна машина, има повеќе пациенти кои што подолг временски период се лекуваат, а сега планираме и промена на начин на лекување во однос на правење на тахеростома и трахеотомија на некој кој што веќе покажува знаци дека може да закрепне, рече министерот Филипче. бт/ац/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Учество на Муцунски на десеттата годишна конференција „Медитерански дијалог” во Рим

61- годишна жена го роди своето прво бебе на Клиниката за гинекологија

Верниците се простуваат од упокоениот митрополит Дебарско-кичевски Тимотеј