Утрински Весник
Македонија

Синдикатот на пожарникари на Град Скопје бара изземање од ограничувањето за додатоци на плата

Зголемен број интервенции на Територијалната противпожарна единица од Кавадарци 

Скопје, 24 април 2020 (МИА) – Синдикатот на пожарникари на Град Скопје реагира на уредбата со која се врши ограничување на исплатата на додатоците на плата за април и мај и бара пожарникарите да бидат изземени од неа.

Во соопштението, Синдикатот наведува дека се свесни за состојбата во која се наоѓа државата, но сметаат дека има несоодветен третман.

– Бараме да ни биде удоволено нашето барање за изземање од оваа одлука и сакаме да знаете дека пожарникарите се големи во срцата и душите и со сите ризици кои ги носи оваа професија ќе ги издржат и ќе бидат и понатаму сервис на граѓаните. Сепак мислиме дека како што припадниците на специјалните единици ‘’Тигар’’ и ‘’Волци’’ во рамките на МВР и МО интервенираат само во исклучителни ситуации, а нив не ги опфаќа оваа уредба, така и ние треба да бидеме ставени во редот на униформирани интервентни служби и така да бидеме третирани во овој случај, се вели во соопштението. бак/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Запленети 30.000 евра на ГП Богородица

Приведен разбојник во Скопје, кај него пронајдена и дрога

Запленети 30 илјади евра на граничен премин богородица