Утрински Весник
Македонија

Починаа двајца тетовски спортски работници

Починаа двајца тетовски спортски работници

Тетово, 23 април 2020 (МИА) – Во Тетово вчера на 52 години ненадејно почина Горан Чавдаровски, долгогодишен спортски работник во атлетиката. Настапувал како атлетичар во клубот Љуботен во повеќе дисциплини, бил член на репрезентација како и носител на рекорд во младински категории на Македонија. Тој го формира атлетскиот клуб  Тетово во 1983 година, каде бил тренер, а извршувал активности и во атлетската федерација. Чавадаровски е роден 1967 година, а беше и професор по физичко воспитание во основното образование.

Денеска на 73 години почина Томо Каталиниќ, ракометар и ракометен тренер.

-Томо Каталиниќ беше истакнат спортски работник, ракометар на РК „Шик Јелак“, тренер на РК „Шик Јелак“ (1978/1983), РК „Љуботен“ (1984/1989) и РК „Кромак“ (2016-2018), основач на ракометната школа на МХД Тетово (2013), основач на РК Кромак Тетово (2016) и ракометен судија во Прва македонска лига. Има завршено Виша педагошка школа.Томо Каталиниќ беше заедно со нас од основањето на здружението и активен сè до последните денови. Беше и член на управниот одбор на МХД во неколку состави, меѓу кои и на актуелниот, соопштија од Македонско Хрватско Друштво Тетово.

Погребот на Каталиниќ е утре, 24.04.2020 година, во 12 часот на градските гробишта во Тетово. ас/ир

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тошковски: Некој намерно отвора хајка против МВР преку случајот со „шпионажа“ од кабинетот на претседателката

Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ утре во посета на Македонија

Давкова ќе ги додели наградите за иновација, лидерство и влијание во ИТ екосистемот „Women in Tech® Macedonia Awards”