Утрински Весник
Македонија

Кумановска библиотека го одбележува 23 април Светскиот ден на книгата

Кумановска библиотека го одбележува 23 април Светскиот ден на книгата

Куманово, 23 април 2020 (МИА) – Кумановската библиотека „Тане Георигиевски“ онлјан го одбележува 23-ти април Светскиот ден на книгата и авторското право.

Повикувајќи ги читателите да останат дома и да читаат, од библиотеката потсетуваат на важноста на овој ден. Од библиотеката на фан страната споделија објава од македонската порака „Умот царува, а книгата го храни“ од проф.д-р Методи Чепреганов, како и цитати за книгат- „Не постои толку лоша книга што не содржи барем нешто добро во неа.”-Сервантес и „Ружата под било кое друго име ќе мириса исто.”-Шекспир

-Библиотека „Тане Георгиевски-Куманово овој ден го одбележува според каталонскиот обичај со подарок за секој читател книга и цвет,  но овој пат бидејќи се соочуваме со светска пандемија, од дома топло ќе препорачаме на нашите читатели да останат дома, да читаат, На нашата  страна „Biblioteka Kumanovo“ веќе има споделени линкови за е-изданија, секако секој според своите можности, а библиотеката ќе ги очекува љубители на пишаниот збор веднаш по одлуката на Владата дека се обезбедени услови за тоа, појасни директорката на библиотеката, Христина Алексовска.

Од библиотеката редовно споделуваат линкови за е изданија, поттикнувајќи ги граѓаните да продолжат со читање и социјалната дистанца да ја искористат за свое надградување. ам/бк/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Повторно одложено судското рочиште за случајот Веапоска на кое требаше да биде презентиран извештајот од супервештачењето

СДСМ: Владата ќе потроши 1,8 милиони евра на кампања за ЕКСПО во Белград, но нема пари за Кочани и за пожарникарите

Судењето против поранешниот директор на Онкологија, Васев и тројца онколози одложено за 5 септември