Утрински Весник
Македонија

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен

Скопје, 23 април 2020 (МИА) – На 22.04.2020 околу 12.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул. „Кеј Димитар Влахов“, поради меѓусебно недоразбирање, дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Џ.М.(20) од Скопје и Ж.М.(33) од с. Сарај – Општина Босилово. Сочинети се записници за констатиран прекршок по чл.11 од ЗППЈРМ.

Од МВР денеска информираа дека утрово во 03.30 часот во СВР Скопје, Г.Т.(20) од Скопје пријавила дека нејзината мајка Л.Т.(45) од Скопје, од 17.04.2020 не ѝ се јавувала на телефон и се сомневала дека е почината. Полициски службеници излегле на местото на настанот и во просторија од стан на ул.„Маџир Маало“ во Скопје било пронајдено женско тело и траги од крв. Од лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт. Увид извршила увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото е предадено за обдукција.

На 22.04.2020 во 16.15 часот во СВР Скопје, Н.Ф.(37) од Скопје пријавил дека околу 16.00 часот на ул.„Цветан Димов“ во Скопје, поради нарушени меѓусемејни односи, бил физички нападнат од И.С. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 22.04.2020 во 19.00 часот во СВР Скопје, З.Г.(45) с.Огњанци, скопско, пријавил дека од неговиот дом во село Огњанци се оддалечила неговата ќерка С.Г.(14), за која претпоставува дека се наоѓа на подрачјето на Скопје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 23.04.2020 околу 07.00 часот, во вештачкото езеро во близина на хотел во Струмица, пронајден е починат Џ.Ј (55) од с.Куклиш, Струмичко. Извршен е увид од увидна екипа во присуство на Јавен обвинител од ОЈО Струмица, по чија наредба телото на починатиот е предадено на обдукција.

СВР Куманово поднесе кривична пријавa против Б.С.(43) од с.Липково, кумановско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“. Пријавениот, на 18.04.2020, во близина на селската џамија во село Липково, по претходна расправија поради нерасчистени семејни односи, со нож го нападнал неговиот братучед Ј.С. од с.Липково, нанесувајќи му повреди со смртни последици.

На 22.04.2020 во 23.10 часот полициски службеници го лишиле од слобода Ј.М.(17) од Штип, затоа што во продажен објект на ул„,АСНОМ“ во Штип бил затекнат при вршење на кривично дело „тешка кражба“, при што одзел пари и цигари. Од страна на полициски службеници одземеното било вратено на сопственикот. По комплетирање на случајот, против лицето ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Б.Р. (25) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 26.06.2019 во Градски базен во Куманово, полициски службеници при преглед кај пријавениот пронашле и одзеле марихуана.

Одделот за гранични работи и миграции – Регионален центар за гранични работи Исток поднесе кривична пријава против М.Ш.(32) од скопското село Студеничани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,фалсификување на исправа“. На 02.04.2020 во 17.40 часот на граничен премин „Деве Баир“, при контрола од полициски службеници на македонска патна исправа било констатирано дека на една од страниците механички била отстранета виза.

СВР Скопје, СВР Велес и СВР Куманово поднесоа 32 кривични пријави и тоа против: Б.И.(28), М.А.(30), С.А.(26), Љ.А.(22), Е.О.(36), И.Ј.(44), И.А.(46), А.Љ.(21), А.Р.(21), М.В.(33), Р.Ш.(29), М.И.(39), Ш.С.(28), Н.В.(40), Н.С.(42), А.Р.(36), С.Ј.(21), Р.А.(48), Ј.Б.(36), А.Р.В.(33), Б.Ј.(53), Ф.Ф.(40), Л.М.(48), сите од с.Сингелиќ, скопско, потоа А.П.(38), М.Џ.(47), К.Д.(27), тројцата од Велес, А.Ј.(19), Г.Т.(40), двајцата од Неготино, Б.А.(34), М.Ј.(42), двајцата од Куманово, Л.Х.(42) и С.Ѓ.(38), двајцата од од село Војшанци, неготинско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Пријавените во периодот од 31.03.2020 до 22.04.2020 не се придржувале кон воведената мерка за ограничено движење. цр/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме

На „Блаце“ и „Табановце“ се чека од 30 минути до 60 минути