Утрински Весник
Македонија

Во Струмичко нема нови позитивни на коронавирус

Во Струмичко нема нови позитивни на коронавирус

Струмица, 23 април 2020 (МИА) – Вториот пациент кој беше докажано позитивен на коронавирус во Струмичко е прогласен за оздравен, информираше директорот на Центарот за јавно здравје во Струмица, Петре Витанов.

-Денеска ги добивме резултатите од вториот контролен брис на вториот пациент кај кого беше докажано присуство на коронавирусот и тој е негативен. Со тоа во Струмичкиот регион, односно територијата која ја покрива нашиот Центар за јавно здравје, нема докажано позитивен на Ковид-19.

Досега во Струмица се тестирани 59 сомнителни пациенти, а само двајца беа позитивни и тие се лекуваа во домашен карантин. рт/аа/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мицкоски со владина делегација во официјална политичка и економска посета на Австрија

Сиљановска-Давкова прими претставнички на „Македонија 2025“, разговарано за претстојниот Самит и воспоставувањето на Советот за дијаспора

Драмскиот театар одбележува 80 години постоење – за јубилејот премиера на „Мачкина глава“ од Венко Андоновски