Утрински Весник
Македонија

Рамазанскиот пост почнува утре

Рамазанскиот пост почнува утре

Скопје, 23 април 2020 (МИА) – Верниците од исламска вероисповед утре во 03:50 часот го почнуваат рамазанскиот пост, што трае 30 дена и завршува на 23 мај. Во тој период верниците од изгрејсонце до зајдисонце се воздржуваат од јадење и пиење.

Според исламската религија, постот, кој е еден од исламските столбови е задолжителен за сите верници за нивно физичко и душевно прочистување. Верниците мора да се воздржуваат од лоши зборови и дела со цел општо човечко прочистување. Постењето е верска обврска за секој полнолетен, здрав муслимански верник, но не е обврзувачко болните, бремените жени и работниците кои вршат тешка физичка работа.

По рамазанскиот пост, на 24 мај е Рамазан Бајрам, кој се чествува три дена. Тогаш целото семејство се собира на празнична трпеза, а се посетуват роднините и пријателите. Рамазан е деветтиот месец во Исламскиот календар.

Првиот ден од Рамазан Бајрам е државен празник. рп/лв/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Рe-позиционирање пред локални избори на партиите

Струмичко-скопскиот епарх монсињор д-р Киро Стојанов упати писмо по повод упокојувањето на папата

Гаши: Папа Франциск ги вгради принципите на мирот, социјалната правда и меѓурелигиозниот дијалог