Утрински Весник
Македонија

Стопанската комора на веб-страна ќе објавува понуда и побарувачка на заштитни маски за компаниите

Стопанската комора на веб-страна ќе објавува понуда и побарувачка на заштитни маски за компаниите

Стопанската комора на Македонија апелира до компаниите што произведуваат заштитни маски да ги достават до Комората основните информации поврзани со нивната продажба, цени, количини, период и начин на испорака.

„Стопанската комора бесплатно ќе ги постави овие информации на соодветно место на својата интернет-страница и со тоа ќе овозможи полесно да се сретнат понудата и побарувачката на заштитни маски на домашниот пазар. Kомпаниите што сакаат да набават и бесплатно да им дадат заштитни маски на своите вработени, тоа ќе можат поедноставно да го направат. На тој начин и компаниите ќе работат и работниците ќе бидат подобро заштитени,“ се вели во соопштението на Комората.

Од таму потсетуваат дека експертите од медицината посочуваат дека користењето на заштитни маски значително го намалува ризикот од пренесување на корона вирусот. Носењето маски е препорачано и станува задолжително за одредени ситуации во секојдневниот живот, а процесот на своевидна нормализација на македонската економија најверојатно ќе вклучува и нивно користење.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Тошковски: Некој намерно отвора хајка против МВР преку случајот со „шпионажа“ од кабинетот на претседателката

Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ утре во посета на Македонија

Давкова ќе ги додели наградите за иновација, лидерство и влијание во ИТ екосистемот „Women in Tech® Macedonia Awards”