Утрински Весник
Македонија

Еден малолетник меѓу осумте лица кои го прекршиле полицискиот час

Еден малолетник меѓу осумте лица кои го прекршиле полицискиот час

Тетово, 23 април 2020 (МИА)– Осум лица во тетовскиот регион од кои еден малолетник ја прекршиле забраната за движење во периодот од 7 часот на 22 април до утринава во истото време, информира денес СВР Тетово. Сите се лишени од слобода и задржани во полициските станици, по што ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци.

-Од страна на полициски службеници на СВР Тетово извршени се контроли кај 246 лица во тетовскиот регион во изолација и кај 155 во самоизолација, кај кои не се забележани прекршувања на обврските, изјави Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

До вчера или еден месец колку што трае ограниченото движење на граѓаните СВР Тетово има поднесено 64 кривични пријави со кои биле опфатени 79 лица осомничени дека го сториле кривичното дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“.ас/бк/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Меџити: Трансформацијата на коалицијата „Влен“ во партија почнува од наредната недела

МЕТЕОАЛАРМ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Следната седмица ни следуваат многу дожд и локално невреме!

Гаши: Велигден не потсетува дека меѓусебното почитување, солидарноста и добрината се суштински за напредокот на секое општество