Утрински Весник
Македонија

МВР Билтен

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 23 април 2020 (МИА) – На 22.04.2020 во 13.10 часот Х.М.(31) од Скопје пријавил дека на ул.„Кемал Сејфула“, по претходна меѓусебна расправија бил физички нападнат од едно непознато лице. Се работи на расчистување на случајот, соопштија денеска од МВР.

На 22.04.2020 во 15:45 часот, на крстосницата на магистралниот пат Гостивар-Кичево со локалниот пат за с.Зајас, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „голф“, со кичевски регистарски ознаки, управуванo од Р.Ј.(51) од кичевското село Колари и мотоцикл „гланз“, управуван од А.И.(31) од с.Зајас. Притоа, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Општата болница во Кичево.

На 22.04.2020 во 07.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Славеј Планина“ настанал пожар во кој биле зафатени две куќи, сопственост на Ј.Б.(44) и И.И.(45). Во пожарот Ј.Б. се здобила со повреди, откако скокнала од кат од куќа, по што била пренесена во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. Од екипи на Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил локализиран и извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје. цр/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Села: Прво уставни измени, па формирање Влада – како гаранција дека продолжуваме на тој пат

Претседателот на Управен суд ги отфрла тврдењата дека врши притисок врз судиите

Ордановски: Мицкоски никој не слуша освен Силјановска и нема разбирање за висока политика, тврдат луѓе од врвот на ВМРО-ДПМНЕ