Утрински Весник
Македонија

Денеска променливо време, од утре сончево и потопло

Денеска променливо време, од утре сончево и потопло

Скопје, 23 април 2020 (МИА) – Претпладне во југозападните делови на земјава ќе има повремен дожд. Во останатите делови ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус 1 до 6, а дневната од  10 до 18 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб североисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 4, а дневната ќе достигне до 17 степени.

Следува период на претежно сончево и се потопло време. Најтопло ќе биде за време на викендот, иако во сабота ќе дува умерен до засилен југозападен ветер. Од почетокот на следната недела ќе има услови за појава на краткотраен попладневен пороен дожд.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

АХВ: Сопствениците на кучиња да го почитуваат законот и да ги микрочипираат милениците

Чудните претскажувања на господинот Насер Селмани

ВМРО-ДПМНЕ: Со 40 амандмани го заштитивме зголемувањето на платите, зошто Трендафилов молчи за фактите од 2024 година?