Утрински Весник
Македонија

Виртуелен саем за развивање одржливи навики, мода и зелени бизниси

Виртуелен саем за развивање одржливи навики, мода и зелени бизниси

Скопје, 23 април 2020 (МИА) – Саем за одржливост, на кој главно ќе се зборува за развивање на одржливи навики и мода, зелени бизниси, активизам за животната средина но и правда за животната средина, виртуелно ќе се одржи денеска преку интернет платформата Zoom.

Настанот е организиран од Американските катчиња во Штип и Скопје, со помош на невладината организација „Биди Зелен“ и Клубот за животна средина од средното училиште во Колумбија.

Гости говорници, како што наведуваат организаторите, ќе бидат претставници од организациите „Fashion Revolution“, АРНО, Нула Отпад, „TreeBanks“, и апликацијата „Challenger“.

-Настанот ќе почне со кратка презентација на организациите, а потоа учесниците ќе имаат можност да се поделат во пет групи зависно од темата за која имаат повеќе интерес и би сакале да се вклучат во дискусија, наведуваат од тимот на Американското катче.бт/ев/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

За шест дена наплатeни 8,5 милиони денари од странците преку „Безбеден град“

ЛДП: Државниот долг секојдневно расте, а сметките за граѓаните стануваат сѐ поскапи

Македонија и Србија се поврзуваат со гасовод – утре официјален старт на проектот