Утрински Весник
Македонија

Заврши уредувањето на кружниот тек во Куманово

Заврши уредувањето на кружниот тек во Куманово

Куманово,  22 април 2020 (МИА) – Екипите на јавното претпријатие „Чистота и Зеленило“ завршија со хортикултурно уредување на кружниот тек на влезот од Куманово, соопштија денеска надлежните. Во тек е уредување на зелените површини во центарот на Куманово.
Претходно, заврши пејзажното уредување и засадување нови дрвја, садници, грмушки и цвеќиња на различни локации во Куманово.
-На повеќе локации во градот во централно градско подрачје како и во населбите насадени се 600 садници од жива ограда, 450 сантолини, односно ниски перени, 180 украсни грмушки, 55 топки туја, 1.600 виоли, истакна техничкиот директор во претпријатието, Цветанка Ивановска.
Од влезот на градот до поранешната фабрика „Први Мај“ и од спротивната страна кај поранешната фабрика „Монопол“ насадени се листопадни дрвја, со што сметаат надлежните, ќе се придонесе и за намалување на аерозагадувањето.
Насадени се платани, јасени,липа, каталпи. Во некои населби насаден е даб. Садниците, појаснува Ивановска, се произведени во расадникот на претпријатието и се прилагодени за урбана средина.ам/бт/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Засилени контроли на возачи на електрични тротинети – констатирани 965 прекршоци

Промовирана „Е‑наука“ – национална електронска база на податоци за сите истражувачи во земјата

Опасен тренд се шири на Инстаграм: Деца од Скопје упаѓаат во објекти и се качуваат на ризични височини