Лондон, 22 април 2020 (МИА) – Поранешниот холандски репрезентативец Робин Ван Перси изјави дека основата на неговата одлука да се приклучи на Манчестер Јунајтед во 2013 година е неможноста на Арсенал да му понуди навреме нов договор.
Договорот сè уште предизвикува многу негативни емоции во срцата на навивачите на „топџиите“, особено откако Перси им помогна на „црвените ѓаволи“ да ја освојат титулата во истата сезона. Сепак, според стрелецот, одлуката во голема мерка била диктирана од фактот дека тој не добил предлог за нов договор на „Емирати“.
„Се обвинувам често за овој трансфер, но ќе се заколнам во моите деца дека ако некој докаже дека Арсенал ми понудил договор, тогаш ќе му дадам 1 милион фунти овде и сега. Одлуката беше на Арсенал да не ми понуди нов договор. По многу дискусии стана јасно дека имавме различни визии за клубот. Имав список со седум поенти за тоа како да се врати клубот на врвот, но Иван Газидис не се согласи со ниту една од нив. Тоа беше негово право, се разбира. Арсенал не ми понуди договор и тие не се согласија со моите предлози за клубот, кои беа многу искрени и се фокусираа само на доброто на тимот. Тоа е животор и јас сум задоволен од развојот на нештата – отидов во Манчестер Јунајтед, ја освоив титулата, па нема што да се жалам, изјави Ван Перси.