Утрински Весник
Македонија

Влада: Продолжуваме да создаваме услови за уште подобри рангирања во „Репортери без граници“

ЗНМ и МАН се огласија за случајот со МВР и новинарот Златев

Скопје, 21 април 2020 (МИА) – Владата попладнево преку соопштение информира дека ги зема предвид укажувањата на „Репортери без граници“ и најавува дека во соработка со медиумските организации и медиумите, ќе продолжи да создава услови за натамошни подобрувања и повисоки рангирања на Светската листа на слободата на медиумите.

– Владата на Република Северна Македонија, како и до сега, сите следни чекори за медиумски реформи ќе ги носи во широка консултација со медиумските експерти од медиумската сфера, се наведува во соопштението од владината прес- служба.

Од Владата посочуваат дека во извештајот е наведено оти повисокото место на земјава на Светската листа на слободата на медиумите е резултат на самоорганизирањето на медиумските организации кои го донеле Регистарот на професионални онлајн-медиуми, како и на напредокот во однос на условите за работа утврдени во Повелбата за услови за работа за новинарите и нацрт фер-договорите за вработување во дигиталните медиуми промовирани од Независниот синдикат на македонски новинари и медиумски работници (ССНМ) во соработка со ЗНМ и СЕММ.

Во однос на забелешките за реформите во националниот радио-телевизиски сервис, од Владата посочуваат дека реформите не се реализирани поради блокадите од страна на ВМРО-ДПМНЕ во Парламентот, а во однос на толкувањата за владиното рекламирање потенцираат дека уште во 2017 година е целосно стопирано владиното рекламирање што претходната власт го користела за влијание врз медиумите. бак/са/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Речиси 1.000 пожари на возила од 2022 до 2026 година

Мицкоски му ја честита победата на Илија Срдановиќ, носител на Студентската листа во Србија

Пронајде 4.000 евра, но избра да биде чесен – Огнен доби признание