Утрински Весник
Македонија

Премиерот и министрите кои беа во Куманово во добра здравствена состојба, чекаат да поминат седум дена и ги следат препораките на епидемиолозите

Премиерот и министрите кои беа во Куманово во добра здравствена состојба, чекаат да поминат седум дена и ги следат препораките на епидемиолозите

Скопје, 21 април 2020 (МИА) – Премиерот Оливер Спасовски, вицепремирот Бујар Османи, министрите за здравство Венко Филипче и Арбер Адеми, кои се во самоизолација од минатата недела откако имаа контакт со градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски кој е позитивен на Ковид 19, се чувствуаат добро и немаат никакви симптоми.

Ова го истакна министерот Филипе во одговор на прашање на денешната прес-конференција оценувајќи дека сите биле во различен ризик и оти треба да направи тест премиерот во текот на оваа недела.

-Сите бевме во различен ризик. Сметам дека треба да направи тест премиерот во текот на оваа недела. Чекаме да поминат најмалку седум дена, а после ќе ги пратиме препораките на епидемиолозите и согласно нашата здравствена состојба. Засега сите се во добра здравствена состојба без апсолутно никакви симптоми или тегоби, изјави Филипче.скс/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме