Утрински Весник
Македонија

Кризниот штаб ја задолжи Општина Куманово да обезбеди маски и бесплатно да ги дели на граѓаните

Кризниот штаб ја задолжи Општина Куманово да обезбеди маски и бесплатно да ги дели на граѓаните

Куманово, 21 април 2020 (МИА) – Кризниот штаб на Куманово ја задолжи Општината да обезбеди дополнителни количества маски, кои преку штабот бесплатно ќе се делат на граѓаните на повеќе пунктови.

Ова е еден од заклучоците од денешната седница на штабот, кој и препорача на Општината да обезбеди дополнителен број на луѓе, вработени од општинската администрација, за потребите на штабот кои ќе работат на дистрибуција на прехранбени пакети за социјално ранливите категории граѓани.

Од штабот и денеска апелираа до кумановци да се придржуваат кон мерките, препораките на Владата и Министерството за здравство , да се однесуваат одговорни и кон себе и кон другите.

– Штабот останува на сите досегашни барања, препораки и сугестии упатени до Владата на РСМ и сите други државни институции и комисии- се наведува во соопштението. ам/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Османи: Победата на ДУИ ќе биде убедлива, веднаш по локалните мора да има парламентарни избори

Османи: Победата на ДУИ ќе биде убедлива, веднаш по локалните мора да има парламентарни избори

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ понуди само ароганција и лаги, ние нудиме чесни и компетентни кандидати на изборите