Утрински Весник
Македонија

Во Дебар одржана традиционалната велигденска средба на верските старешини

Во Дебар одржана традиционалната велигденска средба на верските старешини

Дебар, 21 април 2020 (МИА) – Дебарските верски старешини, ја продолжија традицијата и за овој Велигден, онака како што тоа било со векови на овие простори.

Во црквата „Света Петка“ каде е и седиштето на дебарската Парохија денеска во посета беа претставници на дебарското муфтиство предводени од првиот човек Решат Качалнику.

– Посебно сум горд што денес заедно с4о моите соработници сме тука кај Вас, за да ја продолжиме вековната традиција по која е препознатлив нашиот град а сме го наследиле од нашите предци. Упатуван искрени честитки до Вас, Црковниот одбор и сите верници по повод еден од најголемите празници во Христијанството, Христовото воскресение – Велигден. Празникот значи победа на животот над смртта а нам денес соочени со новиот опасен коронавирус најмногу ни е потребна верба во Бога, продолжување на заедништвото, слогата, разбирањето, проштевањето, рече меѓу другото муфтијата Качалнику.

Заблагодарувајќи се на посетата дебарскиот намесник Миле Ангеловски искажа задоволство што заедништвото, верската толеранција и соживот и понатаму се негуваат.

– Чувствувам посебно чувство на задоволство што продолжуваме со она што сме го наследиле од нашите предци, да се почитуваме, сакаме, посетуваме и заедно да ги одбележуваме сите празници, како и овој празник над празниците, Христовото воскресение Велигден со нашите пријатели и браќа од исламската религија, рече Ангеловски.

Кршејќи црвено велигденско јајце упатија заедничка порака до верниците и понатаму да се чува и негува традицијата како посебна светост, зашто „тоа им го должат на предците
кои заедно минале преку многу премрежија и секогаш биле еден до друг и во добро и во зло“. вт/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Пет лица повредени во сообраќајка кај Зајас

Малолетници без возачка возеле мотоцикли без ознаки, не застанале на знак за сопирање

Човечки труп пронајден во Вардар кај Демир Капија