Утрински Весник
Македонија

Седумдесет лица од источниот регион не го почитувале полицискиот час за Велигден

Седумдесет лица од источниот регион не го почитувале полицискиот час за Велигден

Штип, 21 април 2020 (МИА) – Во Брегалничкиот регион за време на најдолгиот полициски час во земјава, од 17 до 21 април, мерката полициски час не ја почитувале 70 лица. Од нив, 47 се приведени меѓу кои двајца малолетни и едно лице над 67 години.

Како што наведува портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панјотова, на останатите им се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

-На четири лица им се издадени решенија за изолација, а 75 потпишале изјави за самоизолација. Од страна на полициски службеници се извршени 479 контроли на лица во изолација и 1.096 на лица во самоизолација, се вели во соопштението на СВР-Штип.

Поднесени се и 10 кривични пријави и контролирани се вкупно 802 објекта. вдј/мч/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Македонија ја губи младоста: 200 паралелки помалку во основно и 100 паралелки помалку во средно образование

Мицкоски: За да ги заштитиме пензионерите, пензиите ќе се зголемуваат согласно закон

Филипче: Повикувам на мобилизација, да со спречиме Мицкоски да ја жртвува водата и струјата за профити од дата-центри