Утрински Весник
Македонија

Спасовски: 200-те излечени од Ковид-19 се дополнителна мотивација да продолжиме во спречувањето на коронавирусот

Спасовски: 200-те излечени од Ковид-19 се дополнителна мотивација да продолжиме во спречувањето на коронавирусот

Скопје, 21 април 2020 (МИА) – Премиерот Оливер Спасовски на Фејсбук објави дека 200 излечени наши граѓани од Ковид-19 е веста што ни дава дополнителна мотивација да продолжиме заеднички со лечењето и со спречувањето на ширењето на коронавирусот.

– Регистриравме и ден со поголем број излечени од новозаразени. Тоа е резултат на големата, огромна посветеност за здравствените работници и на граѓаните што се придржуваат до мерките на претпазливост. Тие ги заслужуваат најголемата благодарност и сите признанија, вели Спасовски.

Премиерот во објавата апелира да продолжиме да ги почитуваме мерките за физичка дистанца, за носење лична заштитна опрема, да се воздржиме од групирања и така да создаваме услови за стабилизирање на животот и постепено нормализирање под изменети услови. сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Хаос во Велес: Полицијата спречи стампедо при делење бесплатни јајца пред Велигден

ВЛЕН: Митовите за Ахмети се рушат како кула од карти

Мицкоски: Во мај-јуни ќе се посветиме на кадровски промени и рокади, дотогаш имаме внатрепартиско реструктурирање